Русија и Германија ќе произведуваат заедничка вакцина?

47

Рускиот претседател, Владимир Путин разговарал со германската канцеларка, Ангела Меркел за потесна соработка кога е во прашање пандемијата, вклучувајќи ја можноста за заедничко производство на вакцина, соопшти официјален Кремљ.

Рускиот и германскиот министер за здравство ќе ги продолжат разговорите со експертите.

Русија започна со масовна вакцинација на почетокот на декември, додека Германија почна на 27-ми декември, заедно со останатите земји членки на ЕУ.

Европската агенција за лекови претходно ја одобри вакцината на Pfizer и BioNTech.

Фото: Freepik