Русија ја одобри третата вакцина против коронавирусот

26

Русија ја одобри и третата вакцина против коронавирусот, иако масовните клинички испитувања на CoviVac допрва треба да почнат.

Во Русија веќе се регистрирани две вакцини против коронавирусот – Sputnik V, што ја разви Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија на руското министерство за здравство и EpiVac на Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија во Новосибирск.

CoviVac е направена од умртвен коронавирус, а ќе се дава во две дози во период од 14 дена. Транспортот и складирањето е на нормална температура во ладилник од два до осум степени.

Фото: Pexels