Русија ја прекинува испораката на гас за Кина

147

Руски Гаспром објави дека ќе ја прекине испораката на гас за Кина преку гасоводот Силата на Сибир меѓу 22 и 29 септември поради планираните работи за одржување.

Компанијата објави дека според договорот со кинеската национална нафтена корпорација (CNPC), ваквото одржување се планира двапати годишно, во пролет и во есен, пренесува Ројтерс.

Газпром и CNPC потпишаа договор за менување на плаќањата за испорака на руски гас во Кина во јуани и рубљи, наместо во долари, објави руската компанија на почетокот на септември.