Русија ќе го диверзифицира својот извоз на гас доколку Европа не го сака

113

Русија ќе го диверзифицира извозот на енергија доколку нема интерес за купување гас во Европа, изјави првиот заменик постојан претставник на Руската Федерација во ОН, Дмитриј Пољански.
Тој посочи дека тоа не е лесен процес, но дека „ќе биде направено доколку Европа не сака да соработува со Русија во енергетските прашања“, пренесува Тасс.

„Мислам дека ќе го диверзифицираме нашиот извоз и во тој случај Русија нема да биде страната што ќе настрада, додека ЕУ ќе се сеќава на убавите времиња на евтиниот руски гас и енергетски производи“, вели Пољански.