Русија ќе го задржи доларот во девизните резерви

27

Русија планира да го задржи доларот во девизните резерви, изјави гувернерката на централната банка, Eлвира Набиулина и најави дополнително заострување на монетарната политика да се запре инфлацијата

“Русија ќе го го задржи доларот и покрај општиот тренд на намалена употреба во домашниот финансиски систем“, рекла Набиулина.

Додала дека централната банка на 23-ти јули би можела да ја зголеми каматната стапка од сегашните 5,5% за да ја намали инфлацијата.

Руската централна банка минатата година ја намали каматната стапка на рекордно ниски 4,25%, а оваа година во три наврати ја зголеми за да ја запре инфлацијата којашто во ноември ја надмина проектираната граница.

Монетарната политика е главна алатка за ограничување на инфлацијата којашто во јуни надмина 6%, највисоко ниво од крајот на 2016 година, што е далеку над проектираните 4%.

Фото: Pixabay