Русија ќе остане доминантен снабдувач на гас за Европа до 2040 година

25

Русија ќе остане доминантен снабдувач на гас за Европа до 2040 година, се вели во анализата на S&P Global Platts.

Според анализата на S&P Global Platts за долгорочните изгледи на гас во Европа, уделот на пазарот на Русија во европскиот пазар на гас се очекува да остане над 30 % и да порасне близу 40 % до 2040 година, додека домашното европско производство и снабдувањето со гас од Норвешка се намалува.

Аналитичарите очекуваат зголемување на учеството на снабдувањето со течен природен гас од различни глобални извори до 2040 година, за делумно да се компензира падот на домашното производство, но посочуваат дека овие залихи сепак ќе заостануваат зад Русија.

Фото; Pixabay