
Руската влада одлучи да ја продолжи забраната за извоз на бензин до крајот на годината, освен за испораките што се вршат врз основа на меѓудржавни договори, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак.
Според неговите зборови, паралелно ќе се воведе забрана за извоз на дизел гориво за компании кои не се производители, пренесува Интерфакс.
Руските индустријалци предупредуваат дека забраната за извоз може да предизвика проблеми за самите производители. Според претставниците на нафтените и гасните компании, Русија произведува двојно повеќе дизел од домашната потрошувачка, па затоа забраната за извоз до рафинериите би довела до намалување на преработката и индиректно до пад на производството на бензин.











