Русија најави санкции против еден од најголемите дистрибутери на гас во Германија

96

Русија синоќа најави санкции против 31 западна компанија, меѓу кои и енергетската компанија Газпром Германија, која од почетокот на април е под раководство на Федералната агенција за мрежен транспорт.

Москва воведе санкции против компании од Европската унија, САД и Сингапур, како одговор на санкциите што и беа наметнати од Западот поради воената инвазија на Украина.

На списокот има 31 компанија, од кои повеќето припаѓаат на Газпром Германија, германска филијала на рускиот гигант.

– Во моментов ја оценуваме оваа најава, но засега немаме детали, соопшти германското Министерство за економија и енергетика.

Сојузната агенција за мрежен промет, која го презеде Газпром Германија по наредба на министерот за економија на почетокот на април, откако излезе од составот на централниот концерн, соопшти дека веќе се во тек подготовки за реакција на можните руски санкции.

Газпром Германија е еден од најголемите дистрибутери и добавувачи на гас во Германија и, според неговото раководство, е најголемиот складишен капацитет за гас во Германија.