Русија привремено забрани увоз на нафтени деривати

66

Во Русија, oд вчера е на сила забраната за увоз на бензин, дизел, керозин, бродско гориво и плин, воведена како поддршка на домашната нафтена индустрија.

Владата одлуката за забрана ја донесе на 25 мај, за период до први октомври, а следеше откако во април испораката на бензин од Белорусија во Русија со железница нагло се зголемил, достигнувајќи 1,5% од вкупната потрошувачка на бензин во Русија.

Тоа пак, е поврзано со фактот дека многу руски купувачи на белоруски горива, земајќи ги предвид трошоците за превоз, платиле најмалку 6,5 евра (500 рубли) помалку по тон отколку да купувале на домашниот пазар на кој понудата падна.

Рускиот министер за енергетика Александар Новак изјави дека забраната за увоз на евтин бензин во Русија е предложена како присилна антикризна мерка за шест месеци. Истакна дека многу земји прибегнуваат кон целосно непазарна, но неопходна мерка.

Забраната за увоз, изјави тој, исто така е поддршка за домашното рафинирање на нафта и одржување на вработеноста.

Фото: Pixabay