Русија регистрираше сува вакцина против коронавирусот

53

Министерството за здравство на Русија регистрира сува вакцина против коронавирусот на Центарот Гамалеј за подготовка на раствор за интрамускулни инјекции, соопшти прес-службата на Министерството.

“Министерството за здравство издаде регистрација за вакцината ’Гам-Ковид-Вак-Лио’, развиена од Научноистражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеј на Министерството за здравство на Русија, која е произведена во форма на лиофилизати за подготовка на раствор за интрамускулна инјекција“, се наведува во соопштението.

Вакцината е регистрирана по клиничките тестирања на кои лекот се покажал како ефикасен и безбеден кај доброволците.

Клиничките испитувања на вакцината се одржаа во периодот од јуни до август годинава на Државниот медицински универзитет Сеченов во Москва.

Фото: Freepik