Русија се свртува кон Иран: Потпишани договори за нафта и гас во вредност од над 40 милијарди долари

56

Русија и Иран потпишаа договор за нафта и гас вреден над 40 милијарди долари, со што продолжува соработката меѓу двете држави.

Иранскиот министер за нафта Џавад Оуви наведе дека договорот вклучува два дела.

„Потпишавме меморандум за договор со Русија вреден 4 милијарди долари за развој на нафтени полиња, како и договор за изградба на гасовод и инсталации за производство во износ од 40 милијарди долари“, соопшти министерот.

Од Иран наведоа дека Русија ќе започне со развој на шест нафтени и две гасоводни полиња кои се наоѓаат на територијата на Иран.

По повод потпишаниот договор се огласи и заменикот на рускиот премиер, Александар Новак, кој соопшти дела новите проекти ќе ја задлабочат соработката меѓу двете земји.

Според него, се очекува на почетокот од договорите да се движат околу 5 милиони тони нафта на годишно ниво, а гас до 10 милијарди кубни метри.