Русија во февруари почнува со производство на уште една вакцина

88

Русија од следниот месец ќе почне со масовно производство на втората вакцина против Ковид-19, откако во земјата минатата недела почна кампањата за масовно вакцинирање.

“Следниот месец ќе почнеме со масовно производство на вакцината EpiVaCorona“, изјави рускиот премиер, Михаил Мишуштин.

Руската влада за ова производство ќе издвои околу 21,8 милиони евра. Ова ќе биде втора вакцина од руско производство против Ковид-19.

Втората вакцина во Русија е регистрирана во октомври, а е развиена во лабораторијата Вектор во Новосибирск, во западен Сибир. Таа лабораторија во време на Советскиот сојуз во тајност истражуваше биолошко оружје и чува примероци од различни вируси, од сипаници до ебола.

Русија во август минатата година ја регистрираше првата вакцина против коронавирусот, произведена во московска лабораторија во соработка со руското министерство за одбрана.

Фото: Freepik