Русија во странство испорача оружје во вредност од 5,4 милијарди долари

29

Во 2022 година, Русија испорача оружје во вредност од 5,4 милијарди долари во странство, а исто толку планира да го испорача до крајот на годината, изјави Александар Михеев, генерален директор на Рособоронекспорт.

„Можам одговорно да констатирам дека Рособоронекспорт годинава ги исполнува своите обврски од склучените договори. Досега на нашите партнери испорачавме опрема вредна повеќе од 5,4 милијарди долари“, рече Михеев, пренесува Интерфакс.

Според него, Рособронекспорт склучил договори за нарачки во вредност од 52,9 милијарди долари. И покрај воведените санкции, ние продолжуваме да работиме, а побарувачката за нашата опрема се уште е стабилна“, рече Михеев.

Тој посочи дека во моментов системот на воено-техничка соработка „се наоѓа во турбулентна зона“ и дека неговата сила се тестира.