Русија за првпат има повеќе злато од долари

33

Уделот на златото во меѓународните резерви на Русија достигна 22,9% и за првпат го надмина уделот на американскиот долар.

Според податоците на Централната банка на Русија, учеството на златото во меѓународните резерви на Русија се зголеми од 20,8% од март на 22,9% на крајот на јуни 2020 година.

Уделот на доларот во меѓународните резерви на Русија падна на 22%, од над 40% во 2018 година.

Според соопштението на Централната банка ова е првпат уделот на златото во меѓународните резерви на Русија да биде поголем во однос на американскиот долар.

Фото: Pixabay