Русија забрани увоз на чоколадо од Украина

143

roshenРуската комисија за заштита на потрошувачите забрани увоз на кондиторски производи од украинската компанија Roshen, поради сомневање во квалитетот и безбедноста на производите од четири фабрики на компанијата, јавува ИТАР – ТАСС.

Ова е уште една забрана од страна на руската комисија за увоз на различни прехранбени производи од Украина. Во февруари минатата година беше забранет увозот на сирење, кој по преговорите беше укинат.

Од Roshen велат дека не биле информирани официјално од руската страна за забраната за нивни производи.

Во 2012 година Украина во Русија извезла 119 тони чоколадни производи во вредност од 413 милиони долари.