Русија забрани увоз на цвеќе од Холандија

43

cveke

Русија забранува увоз на режано цвеќе од Холандија, поради присуство на заразни организми, соопшти тамошната Служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор, пишува Russia Today.

“Службата предложи Националната организација за заштита на растенија на Европската унија да ги суспендира сите фитосанитарни сертификати на холандското цвеќе коешто треба да се испорача во Русија“, се наведува во соопштението.

Забраната за испорака на цвеќе од Холандија, како што се наведува, е привремена мерка.