Русин го доби првиот “златен“ црногорски пасош

47

Црна Гора го додели првиот пасош во рамки на проектот економско државјанство, официјално потврдила компанија Henley & Partners, којашто е посредник во овој владин проект, пишува црногорски Vijesti.

Според информациите, најверојатно станува збор за државјанин на Руската федерација, но официјално не се открива неговото име и матичната земја од којашто доаѓа.

“Со задоволство потврдуваме дека клиент на нашата компанија Henley & Partners беше прв апликант кој и доби државјанство и успешно ја заврши постапката за добивање пасош според посебна програма за инвестирање. Базата на клиенти на нашата фирма е светска, како и самата компанија Henley & Partners. Со 30 канцеларии ширум светот, добивме барања за програмата за добивање црногорско државјанство од сите континент. Поради протоколот за доверливост, што е договорен со клиентите, не може да откриваме никакви лични податоци конкретно со овој или со било кој друг случај во иднина“, велат за Vijesti од централата на компанијата Henley & Partners во Лондон.

Во рамки на тригодишниот план за стекнување црногорско државјанство преку инвестиции стартуваше на први јануари 2019 година и преку негова реализација ќе бидат доделени 2.000 пасоши.

Еден апликант може да добие црногорско државјанство ако депонира 100.000 евра за развој на помалку развиени општини. Исто така може да се добие пасош и ако се уплатат 450.000 евра за инвестирање во еден од развојните проекти во Подгорица или приморскиот регион или најмалку 250.000 евра за вложување во развоен проект во северниот или централниот дел на Црна Гора, освен Подгорица. Апликантот мора да положи 15.000 евра за себе. По 10.000 евра за најмногу четири членови од семејството и по 50.000 евра за секој следен член од семејството.

Фото: Freepik