Русин креираше направа за отстранување на масни наслаги од крвните садови

109

maxresdefaultМногу луѓе страдаат од зголемен холестерол во крвта што е причина за стеснување на артериите и ризик од срцеви или мозочни удари, пишува Techinsider.

Но, рускиот инженер Дахир Семенов, создаде концепт направа што може да помогне во отстранувањето на масните наслаги, со тоа што продира во самите артерии, а целиот процес се надгледува со минијатурни камери.

Со овој третман можат да се избегнат досегашните интервенции како бајпас, ставање на стент и балон ангиопластика.

Во зависност од тоа каде се наоѓаат масните наслаги и од каков вид се, се користат различни механизми за нивно отстранување и собирање од крвните садови, со цел да не дојде до затнување и други компликации.

Откако интервенцијата ќе се заврши, направата се повлекува од крвниот сад и повторно се воспоставува нормален проток на крвта.