Русите планираат да ги оживеат брендовите Волга и Победа

56

Автомобилските марки Волга и Победа би можеле да заживеат во Русија, изјави рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров.

„Можам да ги откријам плановите на нашата автомобилска индустрија. Како прво, веќе не е тајна дека ќе се произведува Москвич. Колегите имаат планови да го оживеат брендот Волга или Победа или и двете“, изјави Мантуров.

Според него, ваквата идеја може да се реализира на различни локации, пренесува РИА Новости.

На почетокот на јуни поранешната фабрика на францускиот производител на автомобили Рено во Москва, Рено Русија, официјално беше преименувана во Москвич.

Планирано е компанијата во иднина да започне со производство на електрични автомобили под истото име.