Русите подготвуваат одмазда на Западот – потег што може да ја подигне цената на барел нафта на дури 380 долари

169

Доколку американските и европските санкции предизвикаат руски одмазднички кратења на испораката на нафта, глобалните цени би можеле да достигнат ниво од 380 долари за барел, предупредуваат аналитичарите на американската инвестициска банка JP Morgan Chase.

Со оглед на нејзината силна фискална позиција, Русија би можела да си дозволи, проценуваат тие, да го намали дневното производство за 5 милиони барели без нејзината економија да претрпи големи штети, пишуваат аналитичарите, повикувајќи се на Bloomberg. Но, за голем дел од остатокот од светот тој потег би можел да биде страшен, пишува Јутарњи лист.

Исчезнувањето на 3 милиони барели нафта дневно од светскиот пазар би можело да ја доведе цената на лондонската берза до 290 долари за барел, додека најлошото сценарио за намалување за 5 милиони барели би довело до цена од 380 долари.

Имено, земјите-членки на Г7 работат на развој на комплициран механизам кој би ја ограничил цената што може да ја постигне руската нафта.

„Веројатно, во случај на ограничување на цената, Русите ќе одлучат да се одмаздат со намалување на производството со цел да му нанесат болен удар на Западот. Сегашната тензија на глобалниот пазар на нафта е на руска страна, коментираат аналитичарите на JP Morgan Chase.