Руска Sputnik V во моментов е најбарана вакцина во светот

42

Германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung во својата анализа пишува за популарноста на руската вакцина Sputnik V, којашто од недела во недела станува дел од програмата за вакцинирање во сè поголем број земји во светот.

Весникот наведува дека досега руската вакцина е регистрирана во 38 земји во светот. Од земјите на Европската унија, Унгарија на одреден начин го прифати ризикот на самостојна набавка на вакцини, а властите во оваа земја нагласија дека не сакаат да чекаат одобрение од Европската агенција за лекови.

Германскиот весник наведува дека руската вакцина е цената и меѓу научниците, а доволен доказ за тоа е тврдењето на магазинот The Lancet, којшто ја потврди ефикасноста на вакцината.

Sputnik V уште не е одобрен на подрачјето на Европската унија. За нејзиното одобрување, надлежна е Европската агенција за лекови што пред одобрувањето мора да изврши неколку испитувања.

Фото: Facebook