Руската администрација во иднина ќе вози само автомобили од домашно производство

35

avtomobili

Рускиот премиер, Дмитри Медведев, донесе одлука да не се купуваат автомобили и техничка стока произведени во странство за потребите на општинската и државната администрација.

Оваа забрана нема да важи за странските брендови што се произведуваат во Русија.

“За купување на стоки и услуги од федералниот буџет се одвојуваат значајни износи, па подобро е, поаѓајќи од заедничките размислувања, кога тие пари ќе завршат во нашите компании, а не кај странските производители. Но, се разбира, кога руските компании се способни да се натпреваруваат со странските производители во однос на квалитетот и цените“, појасни Медведев на владина седница. Тој смета дека оваа одлука не значи целосно откажување од соработката со странските компании, туку само зголемување на соработката со руските производители. Русија не смее целосно да се откажува од медицинската техника на западните компании до оној момент кога руското производство ќе биде способно да се натпреварува во нив.

Оваа одлука нема да се однесува само за администрацијата, туку и за организации што се финансираат од буџетски средства, јавниот транспорт, компании што вршат комунални услуги и слично.

Предлогот за ограничување на државните набавки беше поднесена од Министерството за индустрија и трговија на Русија откако стана јасно дека пазарот на руските автомобили во земјата се намали за 17,3% во јуни 2014 година во однос на истиот период лани.