
Руската централна банка поднесе тужба барајќи 18,2 трилиони рубљи, или 194,8 милијарди евра, како отштета од белгискиот централен депозитар за хартии од вредност „Еуроклеар“, објави денес московскиот суд.
„На 12 декември 2025 година, Московскиот арбитражен суд ја прими тужбата на Централната банка на Руската Федерација против „Еуроклеар банка СА/НВ“. Износот на тужбата е 18.172.971.903.836 рубљи“, објави прес-службата на судот, пренесува ТАСС.
Износот од 18.172.971.903.836 рубљи одговара на износот од 194,8 милијарди евра.











