Руската филијала на Гугл поднесе барање за банкрот

50

Руската филијала на Гугл објави дека има намера да поднесе барање за банкрот бидејќи не може да ги исполни своите финансиски обврски.

Ова се наведува во материјалот објавен на веб-страницата на Рускиот  државен регистар на правни лица, пренесува Тас с.

„Гугл, застапуван од извршниот директор Дејвид Мунро Снедон, со ова ја објавува својата намера да поднесе барање за несолвентност (стечај)“, се вели во документот.

Се додава дека компанијата од 22 март не може да ги исполни финансиските обврски, вклучително и побарувањата за отпремнини и/или надоместоци на вработени кои работат или работеле со договори за вработување и навремена исплата на задолжителните исплати.