Руски експерт советува за кои валути не е време да се купат

84

Поголемиот број од валутите се подложни на слабеење по откупот на актива од страна на централните банки и падот на каматните стапки. На тој ризик се изложени дури и традиционалните валути што се сметаат за сигурни инвестиции, како што се јапонскиот јен или швајцарскиот франк, смета шефот на одделот за аналитички истражувања на Вишата школа за финансиски менаџмент, Михаил Коган, пренесува Спутник.

“Во категоријата резервни валути може да се каже дека преовладува мислење дека во следните месеци, доларот, во однос на другите валути, ќе слабее. На пример, консензусна прогноза на инвестиционите банки во поглед на курсот на еврото спрема доларот предвидува негов раст до 1,25 оваа година“, вели Коган.

Од друга страна, Европската централна банка на купување актива потроши повеќе од САД ако се земат предвид бројките во однос на обемот на бруто домашниот производ.

Според него, промени се можни и кај сигурните валути, коишто растат во текот на ризичниот период. Ако економијата, како што многумина се надеваат, дека ќе почне активно да закрепнува, средствата од јапонскиот јен или швајцарскиот франк може да се префрлат во поризична актива.

Коган смета дека потешкотии може да се јават и кај британската фунта, којашто би можела да се намали на некое време поради воведување на негативни стапка од страна на Банката на Англија поради Brexit.

Спротивно на тоа, кинескиот јуан и руската рубља имаат добри шанси за зајакнување. Руската валута би можела да зајакне ако санкционите ризици не се реализираат, а цените на нафтата продолжат да растат.

Фото: Pixabay