Руски функционери ќе ги продаваат вилите во Црна Гора по наредба на Путин

23

crna goraСпоред новиот указ на рускиот претседател Владимир Путин за борба против корупцијата, сите политичари до 1 јуни мораат да ги затворат сметките во странски банки и да го продадат имотот што го поседуваат надвор од Русија. За таа цел, Путин одреди точни рокови до кога политичарите на федерално ниво, но и оние пониските, се до градско ниво, мораат да одлучат дали сакаат да останат во фотелјата или да си заминат и така да си ги зачуваат сметките и недвижнините во странство, пишува Дан.

Во времето на инвестицискиот бум во Црна Гора, покрај руските бизнисмени недвижнини купуваа и бројни политичари. Според претходни истражувања на руските весници, вили во Црна Гора имаат членови на Думата, државниот инспектор за енергетика, рускиот амбасадор во Лондон, како и поранешниот градоначалник на Москва.

Последните пет – шест години, Русите предводат на листата странски сопственици на недвижен имот во Црна Гора и тоа со портфолио од околу 150.000 станбено – деловни квадрати и преку 300 хектари земјиште.

На 1 октомври Путин треба да има извештај со информации за имотот на сите чиновници. Колку руски политичари ќе се одлучат да ги затвораат своите сметки и да ги продадат недвижнините засега е тешко да се предвиди. Но, откако е претставен “Законот на Путин”, бројот на доброволни оставки во руската Дума расте. Станува очигледно дека на некои руски политичари приватното богатство им е поважно од партиските принципи, заклучува Дан.