Руски Novatek планира 11 милијарди долари за погон на Арктикот

80

Најголемиот руски производите на течен природен гас, Novatek планира да собере 11 милијарди долари за погон на Арктикот, а како влог за долгорочно финансирање на планира да понуди 60% од сопственичката структура во проектот.

Novatek сака да собере пари за Arctic LNG 2 во првата половина од оваа година.

Проектот е вреден 21 милијарда долари, а компанијата конечната дозвола за инвестирање ја доби во 2019 година. Почетокот на производството е планиран за 2023 година, а полниот капацитет од скоро 20 милиони тони годишно би требало да биде достигнат во 2026 година.

Руската банка Sberbank објави дека за овој проект одобри заем од три милијарди евра.

Фото: Pixabay