Рускиот извоз лани се “лизна“ за 20,7%

29

Извозот на Русија ланската година достигна вредност од 335,5 милијарди долари во 2020 година, што е за 20,7% помалку во споредба со 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, 63,4% од извозот на Русија беше насочен кон: Кина (14,6%), Холандија (7,4%), Велика Британија (6,9%), Германија (5,5%), Белорусија (4,8%), Турција (4,6%), Казахстан (4,2%), Јужна Кореја (3,7%), САД (3,3%), Италија (3%), Полска (2,8%) и Јапонија (2,7%).

Од континентална перспектива, 49,3% од извозот на Русија беше насочен кон европските земји, додека 42,2% е насочен кон Азија, додека 3,7% за Северна Америка.

На врвот се минералните горива и нафта во висина од 141,3 милијарди долари, што е 42,1% од вкупниот извоз. Меѓу најголемите извозни продукти на Русија се и: благородни метали (30,4 милијарди долари), челик (16 милијарди долари), житарки (9,5 милијарди долари) и компјутерска опрема (8,3 милијарди долари).

Фото: Pexels