Рускиот милијардер Тинков : „Безумната војна не е во корист на никого“

52

Рускиот милијардер Олег Тинков ја осуди „безумната” руска војна во Украина и го повика Западот да помогне да запре „масакрот”.„“Деведесет проценти од Русите се против таа војна, објави Тинков на Инстаграм, потенцирајќи дека „безумната војна не е во корист на никого” бидејќи „гинат невини луѓе и војници”.

Тинков е основач на „Банка Тинкофф” формирана во 2006 година, која денес има околу 20 милиони клиенти. Тој во 2020 година се повлече од функцијата извршен директор на банката. Тинков е на списокот на лица кои се под британски санкции поради руската инвазија врз Украина.

Дигиталната банка Tinkoff е една од најуспешните банки во Русија, но по инвазијата на земјата во Украина и последователните санкции, нејзините акции пропаднаа. Имаше пад од 90% на цената на акцијата на банката и сериозен пад на богатството на нејзиниот основач Олег Тинков.

Тинков стана еден од најбогатите луѓе во Русија. Пред да ја основа банката, тој се занимавал со продажба на пиво и кнедли. Неговото богатство падна за повеќе од 5 милијарди долари за помалку од еден месец од почетокот на војната.