Ryanair го скрати чекирањето од 4 на 2 дена пред полетување

25

Фото: Pixabay

Милиони патници кои резервирале лет со Ryanair после 13 јуни се известени дека компанијата го скратува времето на бесплатно чекирање за летот од 4 дена на само 48 часа пред полетувањето, пишува британски Independent.

Патниците кои пристигнале на аеродром без да се чекираат онлајн ќе мора да платат такса од 55 до 62 евра во зависност од тоа од каде патуваат. Со тоа уште повеќе им се отежнува патувањето на сите оние кои одбиваат да платат дополнително.

До пред две години патниците можеа да се чекираат онјалн дури една недела порано. Од 2016 година времето за чекирање беше намалено на 4 дена, по што најголемата нискобуџетна компанија во Европа се соочи со лавина критики.

Од минатата година, пак, Ryanair уште еднаш се најде на удар на јавноста, откако патниците кои патуваат заедно почнаа постојано да се жалат дека се разместувани и разделувани низ авионот, доколку не платат екстра за резервација на саканите седишта.

Ирската компанија својот потег го оправдува со фактот дека сите оние кои ќе патуваат после 13 јуни  ќе може да се чекираат онлајн 48 до 2 часа пред полетувањето кое впрочем е двојно повеќе од 24-те часа што им се обезбедени на патниците на другите компании како British Airways, Lufthansa, Norwegian и Iberia.