Ryanair од први јули ќе реализира 1.000 летови дневно

50

Ирската нискобуџетна авиокомпанија Ryanair соопшти дека од први јули ќе продолжи со 40% од закажаните летови, доколку европските влади ги отстранат ограничувањата за летови во рамките на Унијата и ги применат најавените здравствени мерки на аеродромите.

Ryanair преку соопштение наведува дека патниците ќе треба да носат маски за лице, да поминат мерење на температурата на телото и да побараат од екипажот дозвола за користење на тоалетот.

Според планот, авиокомпанијата од први јули ќе треба да реализира 1.000 летови дневно од своите 80 бази низ Европа, во споредба со моменталните само 30 летови дневно, се наведува во соопштението на компанијата.

На овој начин компанијата ќе покрие 90% од дестинациите до кои леташе пред коронакризата, но со намалена фреквенција на дневни и неделни летови.

Како дел од мерките за борба против Ковид-19, Ryanair ќе бара од сите патници да пополнат формулар во којшто се детализирани должината на нивната планирана посета и каде ќе престојуваат, а информациите ќе ги доставува до владите на ЕУ за да проверат дали патниците ги исполнуваат 14-дневните мерки за изолација при влегувањето во земјите на унијата.

Секоја вечер ќе се дезинфицира внатрешноста на авионот и дека во него ќе бидат забранети плаќањата во готовина.

Фото: Pixabay