РЖ Економика за девет месеци работеше со загуба од 2,8 милиони денари

21

rz-ekonomika

РЖ Економика од јануари до септември оваа година работеше со загуба од 2.840.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, компанијата оствари добивка од 3.438.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од 2016-та година достигнаа 9.478.000 денари, додека истиот период лани беа на ниво од 16.939.000 денари.

РЖ Економика се занимава со трговија на големо и мало на резервни делови. Исто така, се занимава и со издавање на деловен простор и давање на услуги од областа на сметководствено – финансиско советување.