РЖ Институт со оперативна добивка од 10,9 милиони денари

24

denari

РЖ Институт, во период од први јануари до 30 септември оваа година, оствари оперативна добивка во износ од 10,9 милиони денари, стои во краткото образложение за работењето, објавено на Македонска берза.

“РЖ Институт АД Скопје во периодот од 01.01 до 30.09 постигна солидни оперативни резултати, проследени со зголемена продажба од 20% во споредба со ланскиот период. Во третиот квартал беше постигнат значителен напредок во насока на остварување на планираните цели за оваа година, имајќи ги во предвид тековните економски и пазари услови“, се наведува во образложението.

Оперативните приходи на компанијата се 176,6 милиони денари, што е зголемување од 20% во однос на истиот период лаи. Оперативните расходи изнесуваат 170,6 милиони денари.

Во образложението се наведува дека инвестиционите вложувања во третиот квартал изнесуваат 6,55 милиони денари, додека за девет месеци достигна вкупна вредност од 11,8 милиони денари.