РЖ Кпор лани оствари загуба од 1,3 милиони денари

31

rz kpor

Акционерското друштво РЖ Кпор, во период од први јануари до 31-ви декември минатата година, прикажа загуба во висина од 1.370.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Истиот период во 2014 година, компанијата оствари загуба во висина од 1.516.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на РЖ Кпор во пресметковниот период достигнаа 13.898.000 денари, додека една година претходно беа на ниво од 13.744.000 денари.

Основна дејност на компанијата е изнајмување и давање под закуп, како и давање кадровски, правни и други услуги.