РЖ Услуги со загуба од 6,9 милиони денари ја заврши минатата година

42

rz-uslugi

Акционерското друштво РЖ Услуги ја заврши минатата година со загуба од 6.913.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Загубата на компанијата во 2014 година беше 487.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на 2015 година беа 104.766.000 денари, додека една година претходно достигнаа вредност од 160.425.000 денари.

Примарна дејност на РЖ Услуги е собирање, прочистување, производство и дистрибуција на вода за пиење и индустриска вода.