РЖ Услуги за шест месеци прокнижи загуба од 169.000 денари

12

rz-uslugi

РЖ Услуги во првото полугодие од 2017 година евидентираше загуба од 169.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на првите шест месеци од 2016 година, компанијата оствари загуба во висина од 5.375.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во периодот јануари – јуни 2017 година, достигнаа вредност од 71.473.000 денари, додека истиот период лани беа на ниво од 60.124.000 денари.

РЖ Услуги се занимава со собирање, прочистување, производство и дистрибуција на вода за пиење и индустриска вода.