САД, Германија и Јапонија – најголеми увозници на мед во светот

24

САД, Германија и Јапонија се трите најголеми увозници на мед во текот на минатата година. Земјите од САД лани увезоа мед во висина од 504 милиони долари, во Германија тој износ достигна 305 милиони, додека во Јапонија 145 милиони долари.

Меѓу 10-те најголеми увозници на мед се и: Франција (129 милиони долари), Велика Британија (128 милиони долари), Италија (100 милиони долари), Белгија (72 милиони долари), Кина (70 милиони долари), Шпанија (68 милиони долари) и Холандија (66 милиони долари).

На регионално ниво, Грција е 22-ра во светот со увоз на мед од 19 милиони долари. Словенија е на 39-та позиција со увезен мед во вредност од околу пет милиони долари, Хрватска е едно место подолу со увоз од 4,7 милиони долари, додека Бугарија се позиционираше на 45-то место со 3,4 милиони долари. Во Босна и Херцеговина лани е увезен мед вреден 1,2 милиони долари, додека Македонија е 64-та во светски рамки со увоз од исто толку (1,2 милиони долари). Црна Гора е 69-та со увоз од 969.000 долари, а Србија е 92-ро место со увоз во висина од 266.000 долари.

Фото: Pixabay