САД ги дуплираат нарачките за вакцини

20

САД планираат двојно да ги зголемат нарачките за вакцините на Johnson&Johnson против коронавирусот за да може да бидат спокојни во случај на “неочекувани предизвици“ во пандемијата.

Американскиот претседател Џо Бајден истакнал дека САД до крајот на мај ќе има доволно вакцини за секој возрасен човек. Но, Белата куќа сака да има што е можно повеќе дози, па Бајден наложи набавка на уште 100 милиони дози.

“Потребна ни е максимална флексибилност. Секогаш постои шанса да се соочиме со некој неочекуван предизвик. Многу работи може да се случат или да се променат и мора да бидеме подготвени. Ако имаме вишок вакцини, ќе ги поделиме со остатокот од светот“, рекол Бајден.

Наредбата од Белата куќа доаѓа во момент кога се забрзува вакцинацијата на луѓето за да се спречи ширење на заразата, којашто само во САД усмрти над пола милион луѓе.

Досега платиле милијарда долари за 100 милиони дози од вакцините на J&J. Во САД се дистрибуирани 128 милиони дози од вакцини на три овластени компании, а искористени се над 96 милиони дози.

Фото: Pexels