САД ги надминаа очекувањата – производството со раст поголем од планираното

13

Производството во САД ги надмина проекциите во октомври, а бројот на нови порачки порасна на највисоко ниво во последните 17 години.

Силата на индустријата најверојатно ќе ја одржи економијата во плус, но се проценува дека растот нагло ќе се намали во последниот квартал по историскиот скок од 33,1% на годишно ниво во третото тримесечје.

Како причина за економскиот бум се наведува пакетот државна помош во висина од три илјади милијарди долари. Скоро сите средства се исцрпени, а во овој момент не се разгледува нов пакет за финансиска помош на економијата што е исцрпена од пандемијата.

Акциите на Wall Street забележаа пораст по минатонеделниот пад, а доларот е стабилен во однос на другите валути.

Фото: Freepik