САД или Кина – кој има поголем БДП?

97

САД минатата година имаа бруто домашен производ (БДП) во вредност од 21,4 трилиони долари (илјади милијарди), односно 24,42% учество во глобалниот БДП.

Според анализата на Howmuch.net, на второ место е Кина со 14,34 трилиони долари или 16,34% учество во глобалниот БДП. Првата петорка, според најголем БДП во светот, се најдоа: Јапонија (пет трилиони долари), Германија (3,85 трилиони долари) и Индија (2,88 трилиони долари).

Втората петорка земји според големина на БДП во 2019 година беа: Велика Британија (2,8 трилиони долари), Франција (2,7 трилиони долари), Италија (два трилиони долари), Бразил (1,8 трилиони долари) и Канада (1,7 трилиони долари).

Фото: Pixabay