САД ја загубија битката со Кина во областа на вештачката интелигенција

71

Соединетите држави веќе ја загубија битката во областа на вештачката интелигенција (Artificial Intelligence, AI) со Кина, која се движи кон глобална доминација, напредувајќи во развојот на нови сајбер -потенцијали, изјави поранешниот директор на софтверската услуга на Пентагон, Николас Чаилан за Фајненшл Тајмс.

Кина, втората по големина економија во светот, најверојатно ќе доминира во многу клучни технологии во развој, особено во областите на вештачка интелигенција, синтетичка биологија и генетика во рок од околу една деценија, проценува западната разузнавачка служба, пишува британскиот весник.

Чаилан, кој поднесе оставка во Пентагон за да протестира против бавната технолошка трансформација на американската војска, рече дека неуспехот на САД во тој поглед ја става земјата во ризик.

“Нема да имаме шанса во натпреварувачка борба против Кина за 15 до 20 години. Според мое мислење, тоа е веќе завршена работа“, рече тој за ФТ, додавајќи дека Кина во иднина ќе доминира со светот и дека, како што вели, ќе контролира сè – од медиумите до геополитиката.

Според него, американската сајбер -одбрана во некои државни оддели е на “ниво на градинка“.