САД како “машина“ за мега корпорации вредни билиони долари

120

Соединетите Американски Држави се дом на некои од најголемите корпорации во светски рамки, а ако се направи анализа по нивната пазарна капитализација, тогаш од првите 10 најголеми, седум се од САД.

Apple е највредна компанија во светот со пазарна капитализација од 1,9 билиони (илјади милијарди) долари, што ја става Saudi Aramco од Саудиска Арабија на второ место со 1,8 билиони долари.

Листата на 10 најголеми компании во светот, по пазарната капитализација, го има овој редослед:

Apple (САД) – 1,9 билиони долари

Saudi Aramco (Саудиска Арабија ) – 1,8 билиони долари

Microsoft (САД) – 1,5 билиони долари

Amazon (САД) – 1,5 билиони долари

Alphabet (САД) – 969 милијарди долари

Alibaba (Кина) – 729 милијарди долари

Facebook (САД) – 711 милијарди долари

Tencent Holdings (Кина) – 637 милијарди долари

Berkshire Hathaway (САД) – 499 милијарди долари

Visa (САД) – 429 милијарди долари

Фото: Pexels