САД: Кој ќе ги поткопа западните санкции, ќе се соочи со последици

102

„Земјите кои сакаат да добијат предност со тоа што не ја осудуваат одвратната руска војна против Украина се кусогледи и ќе се соочат со последици доколку ги поткопаат западните санкции“, изјави денеска американската министерка за финансии, Џенет Јелен.

„САД и нивните партнери“ нема да бидат рамнодушни „на акциите што ги поткопуваат сеопфатните санкции наметнати на Москва и рускиот претседател Владимир Путин поради нападот врз Украина“, предупреди таа.

Јелен изјави дека војната меѓу Русија и Украина ги променила светските економски перспективи и дека администрацијата на Бајден е решена да ја смета Русија одговорна за нејзините „застрашувачки акции“ и кршење на меѓународното право.