САД најголеми извозници на електрични возила

34

Извозот на електрични возила во текот на минатата година достигна вредност од 11,5 милијарди долари. САД се извозник број еден со извоз на електрични возила во вредност од 3,4 милијарди долари. Германија ги следи САД со извоз на овој вид автомобили во вредност од 1,8 милијарди долари, додека на трето место е Холандија со извоз од 1,2 милијарди долари.

Во топ 10 најголеми извозници на електрични автомобили се и: Јужна Кореја (една милијарда долари), Франција (963 милиони долари), Велика Британија (700 милиони долари), Австрија (658 милиони долари), Белгија (543 милиони долари), Јапонија (389 милиони долари) и Шпанија (248 милиони долари).

Од земјите во регионот, Словенија е 13-та во светски рамки, со извоз на електрични автомобили во вредност од 67 милиони долари. Хрватска е 32-ра во светот со извоз на електрични возила од 853.000 долари, додека три места подолу е Бугарија со извоз од 657.000 долари. 44-та во светот е Грција со извоз од 122.000 долари.

На оваа листа се најдоа 54 земји во светот, на којашто на дното се најдоа: Кокосови Острови (4.000 долари), Индонезија (24.000 долари) и Гватемала (27.000 долари).

Фото: Pixabay