Ф’стаците се едни од највкусните здрави “грицки“, коишто изобилуваат со хранливи материи. Заедно со оревите, лешниците, бадемите… тие треба да бидат дел од менито, но во ограничени количини.
Кога станува збор за најголеми извозници САД ја предводат листата со заработени 1,53 милијарди долари од извоз. Дури 55% од вкупниот извоз на оваа намирница припаѓа на САД.
На второ место со 551 милиони долари заработка е Иран, трет е Хонг Конг со 303 милиони заработка од извоз, четврта е Германија со 122 милиони долари, а петта е Турција со 51,3 милиони долари.
Земји коишто најмногу увезуваат ф’стаци се Хонг Конг со потрошени 735 милиони долари за извоз, Германија со 348 милиони долари, трета е Кина со потрошени 222 милиони долари, Виетнам со 190 милиони долари и Белгија – Луксембург со 173 милиони долари вложени во извоз.
Нашата земја најмногу увезува ф’стаци од Грција, Иран и САД, a она мало производство што го има го извезува на српскиот пазар. Заработката од извоз лани изнесувала 1.029 долари.
Фото: Pixabay