Цементот е материјал којшто се користи во градежништвото и помага за зацврстување, лепење и врзување на останатите материјали заедно.
Минатата година вредноста од увозот на цементот достигна бројка од 11 милијарди долари. На глобално ниво, увозот на овој материјал постепено опаѓа, од година во година за 10,7%.
Азиските земји се најголеми увозници на цемент, а минатата година увозот ги чинел 4,1 милијарди долари што 37,3% од вкупната сума во светски рамки. Европските земји се на второ место со 24,6%, а Африка на трето со 15,5%. Иако Северна Америка е на четврто место по региони, САД се најголеми увозници на цемент.
Еве кои останати земји се најдоа во топ десет листата:
- САД – 1,4 милијарди долари (12,4% од вкупниот увоз)
- Кина – 652,1 милиони долари (5,9%)
- Филипини – 540,6 милиони долари (4,9%)
- Франција – 408,5 милиони долари (3,7%)
- Холандија – 376,7 милиони долари (3,4%)
- Бангладеш – 329,4 милиони долари (3%)
- Гана – 323,4 милиони долари (2,9%)
- Хонг Конг -316,3 милиони долари (2,9%)
- Израел – 235,3 милиони долари (2,1%)
- Шри Ланка – 228,5 милиони долари (2,1%)
Нашата земја е на 102-ро место, а увозот на цемент минатата година ја чинел 16,3 милиони долари.
Фото: Pixabay