САД поради трговската војна со Кина загубија 245.000 работни места

34

САД поради трговската војна со Кина загубија 245.000 работни места, а постепеното обострано намалување на царините би овозможил раст и делумно надоместување на загубата.

Ова го покажува студијата на Oxford Economics, а се верува дека со намалување на царините би се отвориле 145.000 работни места во САД до 2025 година.

Во случај да ескалира состојбата и односите да се заострат, се проценува дека бруто домашниот производ на САД ќе се намали за 1.600 милијарди долари во следните пет години, а ќ се намали и бројот на работни места за 320.000.

Студијата покажува дека американскиот извоз во Кина овозможува поддршка за 1,2 милиони работни места во САД и дека кинеските мултинационални корпорации вработуваат 197.000 Американци. Во исто време, американските компании во 2019 година во Кина инвестирале 105 милијарди долари.

Фото: Freepik