САД со 2,2 илјади милијарди долари ќе ги ублажува економските последици од корона кризата

69

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера стави свој потпис на пакетот мерки за поддршка на економијата во услови на пандемија од коронавирусот, во висина од 2,2 илјади милијарди долари.

Овој пакет опфаќа мерки со коишто секој Американец ќе добие по 1.200 долари, брачните двојки по 2.400 долари, а родителите за секое дете по 500 долари.

Планирано е околу 150 милијарди долари да бидат доделени на здравствениот систем. Исто така, од овие две илјади милијарди долари ќе се одвојат средства за покривање на загубите на компаниите и нивна поддршка да не отпуштаат вработени додека трае кризата.

Претходно, Министерството за труд на САД објави дека за една недела над 3,3 милиони Американци поднеле барање за надомест за невработеност.

Фото: Pixabay