САД забрани транспорт на литиум-јонски батерии на патничките летови

21

Фото: Pexels

Американските власти забрани носење на литиум – јонски ќелии или батерии како багаж во патничките авиони. Компаниите, исто така, нема да можат да пренесуваат батерии наполнети повеќе од 30% на авионите коишто пренесуваат само товар.

На патниците нема да им биде забрането да понесат екстра батерии со нив во авионот како дел од рачниот багаж, пишува The Verge.

Според новата одлука, телефоните, надворешните батерии и електронските уреди генерално, не смеат да бидат целосно наполнети, со цел да се избегне ризикот од пожар или експлозија во авионот.