Саем за деца во Skopje City Mall од 13 до 15 мај

77

saem-za-deca-i-roditeli

Од петок (13-ти мај), до недела (15-ти мај), во Скопје Сити Мол ќе се одржи 7-от по ред Саем за деца.

Новитети како креативните работилници и школата за уметничко цртање со уметникот Љупчо Бојаров, дружењето со рептили заедно со Војо, настапите на Златно Славејче, интерактивните игри за деца доктори, забавните турнири со LEGO коцки и консолите PS4 се дел од активностите што ќе се случуваат. Децата ќе имаат можност да научат нешто повеќе за традициноналните македонски занаети преку креативни работилници каде ќе се декорираат колачиња, ќе се изработува накит со разни техники, плетење и везење во соработка со Занаетчиската Комора на град Скопје.

Популарниот меѓународен проект од едукативен карактер Мече Болница, кој минатиот Саем за деца беше вистински хит, повторно ќе може да се погледне од петок до недела. Овој интересен проект е создаден од медицински студенти, а целна група се децата, особено оние од предучилишна возраст. Секое дете има можност својата кукла – мече, да ја однесе во импровизирани медицински оддели (амбуланта, хирургија, лабораторија и аптека), каде се извршуваат лекарски прегледи и медицински зафати.

Посетителите, освен забавата, наградните игри и изненадувањата, ќе имаат можност да ги уживаат големите попусти до 50% во продавниците за детска облека, производи и играчки.